Macedonian
English
 

Натуризам е стил на живот и филозофија заснована на хармонија со природата

Формирано Натуристичкото здружение на Македонија!

Naturizam

“Натуристичкото здружение на Македонија”

е независно здружение на граѓани кои доброволно ги обединуваат напорите во усогласувањето, заштитата и остварувањето на своите интереси и права, како и заради вршење на дејности и активности за промовирање, негување и развивање култура на живеење во склад со природата, чии придобивки се природно здравје, задоволство и среќа кај единката и заедницата.
Здружението е основано заради промовирање, развој и унапредување на идеите и културата на натуризмот во Република Македонија. Основна цел е промовирање и развој на здрав живот во почит и согласност со природата, негување на единството, стабилноста и хармонијата на телото, умот и духот и градење на поквалитетна социјална благосостојба. Тоа подразбира добро здравје со почитување и следење на природните закони, спој на телото со природните елементи, сеопфатен и мудар пристап кон здравата исхрана, физичката активност, психичкото здравје и социјалната интеракција, како и развој на свеста за значењето на телесната, душевната и духовната култура.